КупиКнига.мк, првиот македонски портал за електронска трговија со книги кој ги соединува сите издавачки куќи од Македонија и странство и брои над 54 000 наслови на македонски, српски, англиски и албански јазик, има потреба од Маркетинг асистент.
Опис на работните задачи:
- Комуникација со клиенти, добавувачи и соработници преку различни канали (телефон, Facebook, Instagram, e-mail)
- Логистичка поддршка и средување на нарачки за испорака
- Подготовка и обработка на документација
- Преглед и проверка на фактури
- Креирање содржини за социјални медиуми и билтени
- Изработка на креативни кампањи за зголемување на продажбата и препознатливост на брендот
- Внес и ажурирање на производи и промоции на веб сајтот
- Работа со другите членови на тимот за реализација на компаниските цели и остварување подобри резултати.
Што нудиме:
- Да бидете дел од тимска работа и одлична работна атмосфера во пријателски тим
- Флексибилно работно време од понеделник до петок од 08-09 до 16-17 часот
- Можност да учите нови алатки од областа на интернет маркетинг
- Активен придонес: Голема слобода за искажување на сопствените идеи и предлози за подобрување, како и нивно брзо спроведување
- Можност за развој и напредок на професионалната кариера
- Избраниот кандидат ќе биде детално обучен со интерните процедури и системи за работа
Што бараме:
- Навремено и одговорно извршување на задачите
- Проактивност и внесување иновативни методи за раст на брендот
- Комуникативност, љубезност и посветеност
- Креативност во креирањето маркетинг кампањи
- Одлично познавање на англиски јазик
- Искуство со работа во книжарници е предност
Заинтересираните кандидати кои покажуваат проактивност, креативност, иновативност и се заинтересирани да стекнат практични знаења од областа на е-комерцот може да аплицираат до 08.04.2021.